Почетна » Новости » Занимливости » За првпат во светот: Т организираше во исто време концерти на Мараја Кери во 5 eвропски градови

За првпат во светот: Т организираше во исто време концерти на Мараја Кери во 5 eвропски градови

  • Петкратната добитничка на Греми награди, Мараја Кери и Телеком ги здружија силите за да го одбележат почетокот на празниците
  • Илјадници фанови во 5 различни европски земји имаа можност истовремено да споделат незаборавно искуство.

Во согласност со празничниот дух и традицијата на подароци и подарување, телекомуникацискиот гигант подготви уште еден специјален момент: Мараја Кери во 5-те европски метрополи (Скопје/Македонија, Франкфурт/Германија, Краков/Полска, Загреб/Хрватска и Подгорица/Црна Гора) истовремено ги изведе нејзините најголеми Божиќни хитови пред илјадниците изненадени минувачи, благодарение на најновата холограмска технологија. Мараја изведе вкупно четири нумери, вклучувајќи ги хитовите кои го заземаат првото и второто место на Billboard Holiday листата „All I want for Christmas is you“ и „Oh Santa“. Беше изведена и песната Hero, како и уникатна верзија на класичната Божиќна песна SilentNight, која заедно со Мараја ја пееја и илјадниците присутни на нивниот мајчин јазик. Илјадниците фанови присутни на настанот, освен што ги пееја популарните хитови, имаа можност да преземат виртуелни свеќи преку нивните смарт телефони, креирајќи прекрасна глетка во сите 5 града.

Мараја Кери во СкопјеДел од прекрасната атмосфера во Скопје за време на концертот

Овој навистина магичен настан ќе послужи и за снимање на новата рекламна кампања, која наскоро ќе биде лансирана од Телеком преку неговите T / T-Mobile / T-Home претставништва во Македонија, Полска, Хрватска, Црна Гора, како и Бугарија и Албанија (преку Cosmote & Globul).

Идејата за кампањата

Оваа кампања следи во серијата на впечатливи и успешни кампањи од 2008, кои се фокусираа на основната порака на Т брендот: „Сподели доживувања“. Од традицијата на организирање на уникатни настани во Македонија, која започна со деликатесен семеен ручек на ул. Македонија во Скопје, продолжи со најголемиот пикник на вода во Охрид, како и огромната розова торта која беше поставена на Плоштадот Македонија во Скопје и која беше последното изненадување приредено за јавноста од страна на Т брендот.

Овој настан е уште еден пример за континуираниот стремеж на Телеком да ги зближи луѓето со нештата кои тие ги сакаат, потпомогнати од врвната технологија.

Сеедно дали се работи за празнични честитки, новости или пак секојдневни разговори, Телеком им помага на своите корисници да разменат пораки и моменти кои се вредни за споделување.

Мараја Кери во СкопјеИлјадниците присутни креираа прекрасна глетка со помош на виртуелни свеќи преку нивните смарт телефони

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.