Пар патува на прекрасни дестинации низ светот и ги документира своите авантури со прекрасни фотографии. Целта на Брем и Менон од „Flip Flop Wanderers“ е да инспирираат и други лица да ги следат своите соништа и што повеќе да патуваат.








„Наша цел е да им помогнеме на другите да си ги остварат соништата за патувања и да уживаат на тие скриени дестинации со „бавно“ темпо. Се надеваме дека ќе ве инспирираме да ги следите вашите соништа и да патувате. Одете каде што ве водат соништата“ – пишуваат двајцата авантуристи.
Парот досега ги има посетено најголем дел од државите во Европа и САД, потоа Австралија, Тајланд и Индонезија.
Што се однесува до името на нивниот профил „Flip Flop Wanderers“, тие појаснуваат: „Затоа што претпочитаме да сме во апостолки секој ден за време на нашите патувања“.























