Почетна » Новости » Занимливости » Жената која со сопругот станаа хит поради различната градба на телата повторно возврати на злобните коментари

Жената која со сопругот станаа хит поради различната градба на телата повторно возврати на злобните коментари

Социјалните мрежи не се секогаш среќно место каде корисниците наидуваат само на поддршка и љубов. Понекогаш, тие се извор на лоши коментари кои можат да повредат нечии чувства.

Алиша Мекарвел е една од личностите која секојдневно се соочува со негативни пораки и коментари само поради тоа што има различна градба на телото од онаа на партнерот. Канадската блогерка се обидува да не дозволи интернет троловите да ѝ ја уништат самодовербата и љубовта која ја има кон себе.

Таа сподели фотографија на која позира со сопругот Скот и на неа напиша дел од коментарите кои ги има добиено досега:

„Девојко, тој те изневерува.“

„Сигурно имаш многу пари или го уценуваш со нешто“.

„Сопруг? Како е можно да сте толку различни?“

„Брат, можеш ти подобро од ова. Зошто е со неа?“

„За колку пари го изнајмуваш?“

„Братот врши добротворна работа тука.“

„Овој дечко сигурно ја изневерува со женска која не е на TikTok.“

Алиша Мекарвел

Кога луѓето ќе ми речат: „Разбираме, дебела си и имаш фит сопруг“, тука сум да ги потсетам дека не разбираат и дека не можат да го поднесат тоа.

Ова се нештата кои општеството ги мисли за дебелите луѓе кои се во врска со партнер кој е помал или пофит од нив.

Ова е реалноста. Суровата реалност.

Ова е стигмата која со Скот се обидуваме да ја срушиме секој ден, со самото тоа што постоиме онлајн.

Некој искоментира на фотографија од мене и сопругот: „Како сте толку различни?“ Толку различни само поради тоа што нашите тела изгледаат различно.

Сакам да разјаснам дека проблемот не е во нашата врска, туку во општеството.

Алиша Мекарвел Алиша Мекарвел

Како личност која има голема популарност на социјалните мрежи, Алиша чувствува дека треба да зборува за овој проблем во општеството за да им покаже на сите како неа дека не се сами.

„Мислам дека е важно да знаете дека не ги споделувам негативните коментари затоа што сум вознемирена, туку затоа што некои од вас имаат дебела личност во животот која се соочува со истото. Мислам дека е важно да знаете колку е ова сериозно.“

„Луѓето кои мислат дека е ОК да го пишуваат ова постојат и во нашите животи... Не можам секогаш да споделувам само позитивни, прекрасни и мотивациски нешта, бидејќи реално не е така. Ја споделувам и грдата страна, бидејќи тоа е реалноста. Адресирањето на овие нешта им помага на другите луѓе да знаат дека не се сами“ – вели таа.

Алиша не била отсекогаш со прекумерна тежина. Пред 10 години таа тежела 58 кг и била дел од бикини натпревар за убавина, но воопшто не била среќна. Тоа била пресвртница во нејзиниот живот и за време на летниот одмор во 2017 година, одлучила да престане да се фокусира на својот изглед и да започне повеќе да внимава на својата среќа.

„Брзо забележав дека без разлика на мојот изглед, јас секогаш ќе бидам забавната пријателка. Секогаш ќе бидам добра партнерка, секогаш ќе бидам трудољубив работник. Ако луѓето не можат да видат подалеку од моето дебело тело за да ги забележат сите тие кул нешта, тоа не е моја одговорност. Тоа е нивна одговорност“ – вели Алиша.

Алиша и Скот Алиша Мекарвел Алиша Мекарвел Алиша Мекарвел
@aliciamccarvell

2 - reposting our top ten TikTok’s of 2022 ||••

♬ original sound - Alicia Mccarvell

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19719 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.