Почетна » Новости » Занимливости » Plus-size жена им возврати на критичарите кои не можат да разберат како „уловила“ згоден маж

Plus-size жена им возврати на критичарите кои не можат да разберат како „уловила“ згоден маж

Социјалните мрежи честопати се извор на злобни коментари кои влијаат на самодовербата на личноста кон која се упатени.

Алиша Мекарвел беше мета на осудувачки зборови за нејзиниот изглед откако нејзино видео со сопругот стана вирално, но не дозволи да ја допрат коментарите и им возврати на критичарите.

Имено, таа сподели видео „пред и потоа“ во кое со сопругот се подготвуваат за на свадбена прослава. Видеото привлече големо внимание токму поради разликата во градбата на нивните тела.

Многумина се изјаснија дека не им е јасно како успеала да го „улови“ згодниот сопруг, со оглед на тоа што таа не била ни приближно фит и привлечна како него, па започнале да редат секакви коментари.

Некои коментираа дека Скот е со неа поради парите, други напишаа дека љубовта е слепа, а трети се осмелија да ја наречат нивната врска лажна.

Алиша и Скот

Алиша сними видео за да им упати искрена порака во која вели дека Скот ја сака онаква каква што е и дека ја цени нејзината лојалност, хуморот и љубовта, а не се грижи дали нејзиното тело одговара на стандардите за убавина наметнати од општеството.

„Светот нè гледа нас и инстантно го цени Скот повеќе од мене“ – вели таа на почетокот од видеото.

@aliciamccarvell

let's address the trash beauty standards in the room ||••

♬ original sound - Alicia Mccarvell

Алиша и Скот стапија во брак пред пет години.

Алиша и Скот Алиша и Скот Алиша и Скот
Алиша и Скот Алиша и Скот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.