Приказната на Јелимар Морено ќе ви покаже дека не треба да се откажувате од своите соништа.
31-годишната Венецуелка не дозволува ампутацијата на ногата да ја спречи да биде модел и да си ја исполни желбата да стане професионална шивачка и дизајнерка.
Младата мајка ја изгубила едната нога при сообраќајна несреќа при обид за киднапирање. Во ужасниот момент таа била со своето момче (сегашниот сопруг) кому му биле ампутирани двете нозе.
„Се враќавме дома, кога криминалци фрлија шилести предмети пред нашиот автомобил за да нè натераат да застанеме. За несреќа, предните гуми од автомобилот експлодираа и беше невозможно да се задржи контрола над колата. Мажот ми се обиде, но навистина не можеше.“
„И на двајцата ни беа направени ампутации по несреќата, тој ги изгуби двете нозе, а јас едната. Беше многу тешко за нас. Преминав од многу активна личност, во жена која седи дома и не прави ништо, бидејќи покрај ампутацијата, имав и многу други повреди“ – вели Морено.
Морено уште од мали нозе била вљубена во модата и сонувала да стане дизајнерка. Па, сега работи со сите свои сили за да си ја исполни таа животна цел.
„Бидејќи мајка ми е шивачка, целиот живот ја гледав како изработува фустани за танчарки, за невести и секакви други работи. Сè што знам за шиењето е благодарение на неа. Кога бев мала, сакав да дизајнирам облека за моите кукли, а потоа да и дадам на мајка ми да ги сошие. Откако пораснав, започнав самата да правам облека.“
„Подоцна, почнав да создавам облека за моите пријатели, но отсекогаш сакав балски фуатани и венчаници. Ми недостига искуство и пракса, но сон ми е да имам бренд со вечерни и невестински фустани“ – објаснува таа.
Оваа година, Јелимар се пријавила на реалното шоу за шиење „Maestros de la Costura“, во кое се најде меѓу тројцата финалисти.
Морено работи и како модел и често снима фотосесии.