Кристин Лили од Тексас дефинитивно ја има најосветлената куќа во соседството.
За празниците, таа го претвори својот дом во слатка куќа, инспирирана од популарните куќарки од колачи со ѓумбир.
Инспирацијата на Лили за овогодишните декорации била од убавите спомени од детството, кога нејзината мајка правела куќарки од ѓумбир за тие да ги носат во училиште.
„Зјапавме во куќарката и го чекавме денот кога ќе можеме да ја изедиме“ – се сеќава Лили. Таа вели и дека нејзината мајка правела празничната сезона да биде магична за нивното семејство. Токму тоа чувство, сака да им го пренесе на соседите и минувачите преку декорациите.