Тамара Тодевска ѝ приреди емотивно изненадување на Нина Костовска со специјална изведба.
Популарната пејачка, која годинава ќе нè претставува на Евровизија во Израел, се појави во домот на Нина за да ѝ ја отпее песната „Proud“. Очите на Нина се исполнија со солзи веднаш штом ја здогледа Тамара, а потоа нижеше насмевки за на крајот да потврди дека е многу среќна и изненадена.
„Нина е личност која докажува дека можеш сè да постигнеш во животот ако имаш голема желба“ – вели Тамара.
Видео од емотивната средба
Нина е родена со Даунов синдром. Таа ги освои симпатиите на македонската јавност со учеството во кампањата „Биди фер – за детство без пречки“ пред да дипломира македонски јазик и книжевност. Незапирливата девојка сега обучува наставнички и учители како да работат со деца со пречки во развојот.
