Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно видео: Девојка доби предлог за брак откако прослави победа над ракот на дојка

Емотивно видео: Девојка доби предлог за брак откако прослави победа над ракот на дојка

Анџелика Меј во еден ден имаше два поводи за славење. 27-годишната девојка од Северна Каролина го победи ракот на дојка и ја прими последната хемотерапија, за веднаш потоа да добие предлог за брак од својот сакан.

На последниот ден од хемотерапијата и престојот во болница, Анџелика беше поддржана од бројни членови на семејството. Во ходникот, таа заѕвони на победничкото ѕвонче и полна со емоции се упати кон своите блиски.

Зад аголот, нејзиниот партнер Ваткинс чекаше за да ѝ го постави судбоносното прашање.

„Додека те гледав како минуваш низ ова, ми покажа колку си силна. Толку млада да минуваш низ нешто вакво... неверојатно е како го мина целиот овој процес. Па, сакам да ти кажам дека те сакам. Ќе се омажиш ли за мене?“ – ѝ рече тој, а потоа клекна на колено и ѝ го подаде вереничкиот прстен.

Видео:

Меј и Ваткинс се заедно 10 години и не дозволуваат ништо да им ја разниша врската. По добивањето на дијагнозата, Анџелика не можела да работи, па целиот товар паднал на нејзиниот партнер.

„Ваткинс професионално игра фудбал. Тој си ги стави соништата на пауза, за да биде покрај мене и да ми помогне во оваа борба. Навистина сум благодарна за него. Тој беше покрај мене уште откако ја дознавме веста“ – изјави храбрата девојка за 25-годишниот вереник.

Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.