Почетна » Новости » Занимливости » Емотивна фотографија: 102-годишна жена, која го изгубила првото дете, позира со својата ќерка-виножито

Емотивна фотографија: 102-годишна жена, која го изгубила првото дете, позира со својата ќерка-виножито

Фотографка сподели фотографија од мајка и ќерка за да посочи дека може да се живее убав и исполнет живот и по загубата на дете.

Ноел Мирабела требало да ја фотографира 102-годишната Телма и ја дознала нејзината животна приказна.

Телма

Ја запознав 102-годишната Телма во нејзиниот дом пред да ја фотографирам. Разговаравме и научив сè за нејзините неверојатни 102 години на оваа земја. Кога дознав дека ја изгубила нејзината прва ќерка, Францис Лорејн на 2-месечна возраст, се вознемирив. Солзите едноставно потекоа од моите очи и ми беше тешко да земам здив.

Ѝ кажав дека и јас ја изгубив мојата прва ќерка. Разговаравме за нејзината мала Францис Лорејн и за мојата Аве Марија. Правев паузи додека зборував за да земам здив низ солзите. Потоа, ја погледнав и ѝ реков: „Имам само едно прашање за тебе. Дали сè уште боли?“.

Телма е слепа, па не ми возврати на погледот. Гледаше напред и само малку ја поткрена брадата, силна и самоуверена во нејзиното убедување и рече: „Да, сè уште боли“.

Сè уште боли.

Има 102 години и сè уште боли. Знаев што ќе ми одговори, но морав да ја прашам. Морав да ја слушнам како го вели тоа. Сè уште боли.

Не си сама. Има голема група жени кои со децении ја носат таа неизмерна тага и сè уште ги боли. Но, Телма е жив доказ за највеличествениот, најубавиот, најисполнетиот, најневеројатниот живот по најтешката загуба. Таа е зрак на надежта и милоста, кои светат силно за светот. Каква утеха.

Ќе го ценам споменот со неа сè до мојот последен здив.

Еве ја Телма со нејзината убава ќерка-виножито*.

*„Виножито-бебе“ е бебе родено од мајка која претходно имала спонтан абортус, родила мртво бебе или ѝ починало новороденче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19769 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.