Почетна » Новости » Занимливости » Виножито-бебиња: Пар кој тагуваше поради спонтани абортуси и копнееше за уште едно дете, доби ШЕСТ

Виножито-бебиња: Пар кој тагуваше поради спонтани абортуси и копнееше за уште едно дете, доби ШЕСТ

Понекогаш животот знае да биде предарежлив. Пар, кој посакувал да го прошири семејството, доби не едно, туку ШЕСТ бебиња.

Шестка

Кортни и Ерик Волдроп имале желба да основаат големо семејство, но по раѓањето на првото дете, таа имала неколку спонтани абортуси. За да си ја исполнат желбата за ново чедо, тие побарале медицинска помош. Третманите резултирале со бременост и раѓањето на две близначиња пред шест години.

На почетокот на минатата година, парот започнал да се обидува да добие уште едно детенце, но бременоста завршила со спонтан абортус. „Бев скршена од тага, затоа што лесно можам да забременам, но не можам да ги задржам докрај“ - раскажала таа.

По консултација со доктор, таа започнала да прима лекови, но во мала доза, со цел да бидат намалени шансите да се развијат повеќе од два фетуси. Кортни успеала повторно да забремени, а на првиот преглед ја добиле шокантната вест дека таа носи шест бебиња.

Шестка

Докторите потенцирале дека станува збор за многу ризична бременост и им препорачале да го редуцираат бројот на фетуси, но тие одбиле.

Кортни се породила со царски рез и за среќа, сите бебиња (три момчиња и три девојчиња) преживеале и напредуваат добро.

Големото семејство направило фотосесија за која бебињата биле облечени во различни бои за да го симболизираат виножитото.

„Виножито-бебе“ е бебе родено од мајка која претходно имала спонтан абортус, родила мртво бебе или ѝ починало новороденче. (По бура се раѓа прекрасно и светло виножито, кое дава надеж дека сè ќе биде подобро, а токму оттаму потекнува идејата за концептот „виножито-бебиња“.)

Шестка

Среќните родители редовно споделуваат на социјалните мрежи фотографии од своите малечки.

Шестка Шестка Шестка Шестка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.