Мек и Пајсон се мали борци кои станаа блиски пријатели додека заедно ја водеа најтешката битка во нивниот живот – битката со ракот.
3-годишните момче и девојче се сретнаа за првпат по излегувањето од болница, а тој емотивен момент беше овековечен со видео.
Во него, Мек ѝ подарува на Пајсон букет цвеќе, а потоа се прегрнуваат. Храбрите другарчиња потоа се прикажани како танцуваат заедно.
„Пајсон беше изолирана. Беше тешко да се гледа со луѓето поради пандемијата. Бараше нови играчки на секои пет минути. И тогаш, се појави Мак“ – изјавила мајката на девојчето.
На Мек му беше дијагностициран анапластичен крупноклеточен лимфом. Неговата мајка на Instagram ја сподели веста дека неговата болест е во ремисија со фотографија на која тој е облечен како боксер.