Холи Мароко и нејзиниот татко Боби заиграа специјален танц на нејзината свадба.
Посветениот татко, кој има Паркинсонова болест, вежбаше секојдневно за да може да ја одведе својата ќерка до олтарот и да имаат незаборавен танц татко-ќерка.
„Многу ме усреќи што можев да споделам толку незаборавен момент со него“ – изјавила Холи. Присутните гости не можеа да останат рамнодушни на оваа специјална глетка и ги поздравија со аплауз.
@foxrehab Our patient Bobby has Parkinson’s disease and spinal stenosis, but he didn’t let that stop him from enjoying a very special moment with his daughter on her big day! He worked very hard with Moira Vayda PT, MS on strategies to avoid and get through freezing episodes as well as turning and gait mechanics. He was able to walk his daughter down the aisle beautifully and as you can see, he crushed the father daughter dance! Voira’s daughter and her friends also made him a “think big” friendship bracelet to remind him to use the LSVT BIG principles! #physicaltherapy #physicaltherapist #lsvtbig #parkinsonsdisease #spinalstenosis #weddingday #fatherdaughterdance #weddingdance ♬ original sound - FOX Rehabilitation
72-годишниот маж ја добил лошата дијагноза пред 10 години, но не се откажува и вежба секое утро за да не падне во „канџите“ на болеста. Тој има и спинална стеноза, што уште повеќе ја влошува неговата состојба.
Паркинсоновата болест е невродегенеративна болест која влијае на работата на мозокот, на моториката и движењето на телото. Може да се третира со лекарства, но за болеста нема лек. Основните симптоми се тремор, забавени движења, слаба рамнотежа и вкочанетост.