Кортни Девич со сладок текст допира до срцата на родителите, особено на татковците.
Популарната авторка посочува дека иако бебињата имаат поголема потреба од нивните мајки на почетокот од животот, понатаму, татковците добиваат сè поголема и поголема улога во нивното растење.
Текстот е емотивен и е напишан од гледна точка на бебето:

Драг Тато,
Знам дека бев тешко мало девојче. Никнувањето на моите запчиња и плачењето беа неподносливи.
Знам дека најмногу те фрустрира тоа што кога и да ме земеш во раце, јас плачам уште повеќе.
А потоа, кога и да дојде Мама да ме земе од твоите раце... веднаш престанувам да плачам.
Те молам, знај дека тоа не значи дека не те сакам. Само значи дека секој ден го поминувам со Мама.
Таа ми ги менува пелените, ме храни, цел ден игра со мене. Само сум навикната таа да ме смирува во текот на денот, па кога нешто ќе ме боли навечер, знам дека таа може да ме смири.
Во моментот ја сакам Мама, но сакам да го знаеш ова: Ми треба и мојот Тато.
Ми требаш за да ме научиш како да се борам силно за да можам да се токмам со моите браќа и да играм со моите машки братучеди. Но, ми требаш и да ме заштитиш и да ме пазиш кога тие момци ќе станат груби и ќе го повредуваат твоето мало девојче.
Ми требаш за да играме игри со принцези, а ти да се преправаш дека си шармантниот принц кој ќе ми ги оствари сите соништа.
Ми требаш за да ме научиш како да спортувам и да фаќам риби и да правам работи кои Мама не ги разбира.
Ми требаш за да ме научиш како да танцувам за да бидам подготвена за мојата матурска забава. Ми требаш за да ме научиш како да управувам автомобил (бидејќи знаеме колку лош шофер е Мама).
Но, најважно од сè е дека ми требаш за да ме научиш како еден маж треба да третира и сака една жена.
Покажи ми, преку начинот на кој ја сакаш мама и на кој се грижиш за неа секој ден. Покажи ми што заслужувам, за кога ќе започнам да се состанувам, ниту едно момче да не може да ги достигне моите очекувања.
А потоа, еден ден, ќе донесам момче дома.
Ќе ми требаш за да го оцениш за мене и да ми кажеш дали грешам и дали можам да направам подобар избор. (Иако нема да те послушам тогаш, еден ден ќе го ценам она што си ми го кажал, зашто ќе научам дека било кажано од љубов.)
Еден ден, ќе ми требаш за да ме одведеш до олтарот и да ме предадеш на тоа момче (или на некое друго момче). Знам дека еден ден ќе ви биде тешко со Мама, но ќе мора да го пуштите вашето мало девојче да оди по својот пат.
Да, сега во моментов, ми треба Мама.
Но, имам важна работа и за тебе. Работа која можат да ја завршат само татковците и знам дека ти ќе бидеш одличен во тоа.
Знам, бидејќи многу брзо во мојот мал живот научив дека сум среќничка.
Имам неверојатен татко.
Те сака,
Твоето мало девојче