Почетна » Новости » Занимливости » „Доказ дека чуда се случуваат“: Пар кој со години се борел со неплодност доби тројка и сега шири надеж

„Доказ дека чуда се случуваат“: Пар кој со години се борел со неплодност доби тројка и сега шири надеж

Пар, кој со години се борел со неплодност, доби тројка со помош на инвитро.

Кристи и Рајан Бек ја споделуваат својата приказна за да пренесат дека чуда навистина се случуваат и да им дадат надеж на сите кои го минуваат нивниот пат.

Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек

Брачните партнери две години неуспешно се обидувале да зачнат дете пред да одлучат да побараат лекарска помош.

„Секој месец, цели две години, се обидувавме да забременам... немавме среќа. По години поминати во обиди да зачнам природно, побаравме помош од специјалист за плодност. Ми рекоа дека имам многу мал број на јајце-клетки, па започнав со лекарства за да пробаме интраутерина инсеминација. Беше неуспешно. Продолживме да се обидуваме, но немавме среќа. Решивме да пробаме инвитро и пак немавме среќа“.

„Бевме скршени. Мислевме дека не ни е судено да бидеме родители иако очајно го посакувавме тоа“ – пишува Кристи.

Парот одредено време се откажал од скапите лекарски процедури и одлучил да се обиде да си го оствари сонот со посвојување. Но, по еден месец, одлучиле да пробаат да зачнат уште еднаш.

Докторите им рекле дека имаат уште еден последен обид за биолошки деца и 7% шанса инвитрото да биде успешно. Две оплодени јајце-клетки биле трансферирани во матката на Кристи и двете успешно се имплантирале. На првиот преглед, на Кристи и Рајан им било кажано дека ќе имаат близнаци, додека на следниот, тие ја добиле веста дека ќе имаат три бебиња.

@thebecktriplets Miracles happen ️ #triplets #family #mom #dad #siblings #babiesoftiktok ♬ original sound - The Beck Triplets

Доктор ѝ препорачал на Кристи да го абортира едното бебе за да се намали ризикот, но таа одлучи да ги роди сите три бебиња.

Двете девојчиња и едното момче биле родени во 32-рата гестациска недела и првите недели од животот ги поминаа во болница.

Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек
@thebecktriplets Best moment of my life♥️ #triplets #mother #newborn #preemie ♬ Loved You Before - Natalie Taylor

Денес, тие се здрави дечиња кои одлично напредуваат. Кристи постојано споделува фотографии и видеа од својот живот за да покаже како изгледаат деновите со тројка.

Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек Кристи и Рајан Бек
@thebecktriplets When your prayers are answered #miraculous #babiesoftiktok #fyp ♬ Loved You Before - Natalie Taylor
@thebecktriplets ♥️♥️♥️ #babiesoftiktok #preemie #pregnant #birthstory #family #mother #infertility #multiples ♬ You Are My Sunshine - Kina Grannis

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.