Почетна » Новости » Занимливости » Доказ дека не треба прерано да се радуваш за победата... Атлетичарка го изгуби бронзениот медал славејќи предвреме

Доказ дека не треба прерано да се радуваш за победата... Атлетичарка го изгуби бронзениот медал славејќи предвреме

Никогаш не треба да го потценувате противникот и прерано да се радувате на победата, бидејќи натпреварот трае до последната секунда.

Лаура Гарсија-Каро од Шпанија ја научи оваа важна лекција на потешкиот начин. Натпреварувачката во брзо одење го изгуби бронзениот медал во трката на 20 километри на Европското првенство во атлетика, славејќи прерано за својата „победа“.

Сигурна дека третото место е нејзино, 29-годишната атлетичарка го намали темпото и победнички ја подигна својата рака за да прослави, без да забележи дека Људмила Ољановска од Украина е веднаш зад неа.

Фотографиите го покажуваат нејзиниот шок кога Људмила ќе ја премине непосредно пред целната линија.

Лаура Гарсија-Каро Лаура Гарсија-Каро Лаура Гарсија-Каро Лаура Гарсија-Каро Лаура Гарсија-Каро Лаура Гарсија-Каро

Видео

@thefemaleathleteproject

Spain’s Laura García-Caro was beaten at the finish line for 3rd place in the 20km walk at the European Championships by Ukraine’s Lyudmyla Olyanovska.

♬ original sound - the [female] athlete project
Лаура Гарсија-Каро Лаура Гарсија-Каро Лаура Гарсија-Каро

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.