Дечиња ја расплакаа публиката на „Britain’s Got Talent“ со моќен настап со сенки кој раскажува приказна за врсничкото насилство.
Веднаш штом се изгаснаа светлата, талентираните членови на групата Attraction Juniors со своите сенки започнаа да создаваат сцени за булингот. Нивната цел е да се подигне свеста кај луѓето за оваа тема, а нивната порака е да се замени „омразата“ со „љубезност“.
Оригиналната група Attraction била создадена во 1985 година во Украина, а во 2013 година победи на „Britain’s Got Talent“. Нивниот основач ја создаде групата Attraction Juniors, која ја предводи неговиот син.