Децата се најголемото богатство за Кортни Роџерс. 36-годишната жена од Санта Фе забременувала секоја година откако се омажи и сега е мајка на 11 деца.
Роџерс сака да роди уште едно дете и да има 14-члено семејство.
Кортни и нејзиниот сопруг Крис се запознале во 2007 година, а стапиле во брак една година подоцна. Тие се родители на шест момчиња и пет девојчиња.
„Сакаме да имаме и повеќе доколку можеме. Сакаме 12 деца, 14-члено семејство“ – изјавила Кортни.
Брачните партнери, кои имаат фарма, објаснуваат дека за храна месечно трошат по 1.200 долари, носат облека од втора рака и планираат домашно образование за секое од децата.
„Можам да ги адаптирам лекциите на секое дете и не морам да ги принудувам да седат со часови. Ми се допаѓа флексибилноста и децата може да трчаат надвор и да ги хранат јагнињата на паузите од часовите“ – вели Кортни.
Таа признава дека често добива критики што има толку многу деца, бидејќи многу луѓе сметаат дека не може да им посвети доволно внимание. „Луѓето кои ме прашуваат како можам да им посветам доволно внимание на толку многу деца, најчесто се истите тие луѓе кои ги праќаат своите деца на школо. Не им ја разбирам логиката, кога јас сум 24 часа со моите деца“ – објаснила Роџерс.