Бебенце родено со тежина од само 680 грама ги надмина сите очекувања.
Вајат Бренер се роди предвреме и поради тешкото породување имал внатрешно крварење, апсцес во стомакот и перфорирано црево. Поради сето тоа, само неколку часа по доаѓањето на овој свет, тој морал да помине низ операција и да остане 113 дена на одделот за неонатална интензивна нега во болницата каде се родил.
Неговата мајка Џесика била постојано со него и вели дека е благодарна што имала неверојатен медицински тим покрај себе. Сите вработени таму ѝ станале како семејство.
„Понекогаш имав чувство на изолираност, но како да живеевме во друг свет со сестрите и медицинскиот тим кои ми станаа семејство“ – вели таа.
Долгиот престој на Вајат во болницата завршил само две недели пред да започне пандемијата со КОВИД-19. Тој сега е нормално и здраво момче кое одлично напредува. Вајат започна да посетува програма во локално христијанско училиште и секој ден учи нови нешта.
„Вајат оди и зборува... Тој оди на физикална терапија и наскоро ќе започне и со говорна терапија. Тој е радост и сонце. Тој е најсреќното момче и на сите им мавта. Ги обожава луѓето и има насмевка која може да ја скрши и најцврстата школка на една личност. Бог има големи планови за ова момче“ – рекла мајката.
Семејството Бренер е доказ дека постои светлина на крајот од тунелот и дека тешкотиите можат да бидат надминати со многу љубов и поддршка.