Почетна » Новости » Занимливости » Девојче кое го изгуби окото како последица на рак доби кукла со едно око за да не се чувствува различно

Девојче кое го изгуби окото како последица на рак доби кукла со едно око за да не се чувствува различно

Џесика Себастијан им го менува животот на децата и им ја зголемува самодовербата, правејќи им кукли кои личат на нив.

Таа често добива интересни нарачки, но била трогната кога една мајка ѝ побарала да направи зајаче со едно око за нејзината ќерка Брин да може да се поврзе со него и да не се чувствува различно.

Брин

Правам кукли, што не е некаква херојска професија. Но, неодамна, ме замолија да направам кукла за мало девојче кое е суперхероина. Една мајка ме контактираше и побара да направам кукла зајаче со едно око за нејзината 2-годишна ќерка која обожава животни и го изгуби нејзиното лево око поради рак. Девојчето започна да забележува дека е различно и нејзината мила мајка читаше статии за тоа колку е полезно и терапевтско да пронајде кукла која ќе биде иста како детето.

Сакаше нејзината ќерка да има кукла која ќе изгледа исто како неа и ќе го има само десното око. До ден-денес мислам дека никој не побарал од мене да создадам нешто толку нежно и значајно. Ова е неодоливото девојче на нејзиниот трет роденден, го гушка своето еднооко зајаче, кое е исто толку убаво и совршено како и самата таа. Мојот омилен дел од фотографијата е дека носи ноќница од Wonder Woman (Жената чудо). Тоа совршено ја претставува силата и храброста на оваа мала суперхероина.

Семејството на Брин ја добило страшната дијагноза дека таа има тумор зад левото око кога имала само една година. Докторот препорачал да ѝ се отстрани окото. Таа минала низ неколку операции и сега е во ремисија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21649 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.