Дејана Бачко го изговори судбоносното „ДА“. Инспиративната Србинка, која е родена без раце, се омажи со саканиот Марко Незиќ и направи црковна венчавка во градот Петроварадин.
Дејана, позната како „девојката со крилја“, шармираше во нежен невестински фустан украсен со бисери.
На церемонијата присуствуваше и нивната ќеркичка Лара, која беше облечена во сличен фустан како мајка си.
Погледнете ги нивните фотографии:
На истиот ден, семејството го прослави и првиот роденден на малата Лара.
29-годишната Дејана е нарекувана „девојката со крилја“ поради нејзиниот непокорлив дух и упорноста. Таа секојдневно ги одушевува своите следбеници и светот со рушењето на сите бариери кои ќе ѝ се појават на патот.