Девојка родена со спина бифида не дозволува здравствената состојба да ѝ го уништи оптимизмот.
Изабел (Изи) Кин од Ирска е парализирана од половината надолу и се движи со помош на инвалидска количка. Таа е радосна и позитивна девојка, но никогаш не чувствувала дека нејзината количка го одразува тоа и не се вклопувала во нејзиниот стил.
„Изи отсекогаш ја гледаше својата инвалидска количка како симбол на слободата, но никогаш не чувствуваше дека таа е израз на нејзиниот карактер“ – рекла сестра ѝ Ејлби.
Заедно, двете сестри дошле до идеја да создадат додатоци за тркалата на инвалидската количка. Нивната идеја подоцна прераснала во бизнис наречен Izzy Wheels, преку кој сестрите испраќаат порака за позитивност, а дури и имаат соработувано со Дизни.