Почетна » Новости » Занимливости » Девојка со Даунов синдром која ја победи леукемијата заблеска на матурската прослава

Девојка со Даунов синдром која ја победи леукемијата заблеска на матурската прослава

Кенеди Гарсија секојдневно го слави животот и среќна е што продолжува да руши бариери.

18-годишната девојка со Даунов синдром, која ги надмина прогнозите на докторите, ја победи леукемијата и преживеа 30 операции, заблеска на својата матурска прослава.

Шармантната Кенеди носеше прекрасна креација од дизајнерката Шери Хил. Таа беше придружувана од своето момче.

Кенеди Гарсија Кенеди Гарсија Кенеди Гарсија Кенеди Гарсија Кенеди Гарсија Кенеди Гарсија

На 2-годишна возраст на Кенеди ѝ била дијагностицирана леукемија. По бројните хемотерапии, таа успеа да се избори со болеста, која за среќа не се вратила повторно.

Гарсија имала тежок живот и уште како мала минала низ 30 операции, од кои една на 'рбетот. Но, со позитивност и ведрина успеа да победи сè што ѝ излегувало на патот.

Таа ја сака камерата и од мали нозе била ангажирана од разни бутици за облека. По опоравувањето од сериозните операции, Кенеди започнала и да танцува на 5-годишна возраст.

Кенеди Гарсија

„Дефинитивно имаше подеми и падови во нашето патување, но по 16 години, доброто далеку натежна над лошото. Кога се роди и ѝ беше дијагностициран Даунов синдром, ни дадоа многу мрачен поглед на нејзината иднина... не беше баш каков што се надевавме за нашето дете, но Кенеди им докажа на докторите дека грешат додека си го пробиваше својот пат и му покажуваше на светот што МОЖЕ да направи“ – изјавиле родителите.

Кенеди полека влегува и во актерските води. Таа со ентузијазам му пристапува на секој предизвик со кој се соочува во животот.

Кенеди Гарсија Кенеди Гарсија Кенеди Гарсија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.