Сања Несторовиќ ја искористи својата креативност и слободното време во изолација за да ја пресоздаде креацијата која Џенифер Лопез ја носеше на балот МЕТ во 2018 година.
Девојката, која потекнува од Косовска Митровица, искористи црна вреќа за ѓубре, кеси за рециклирање и лепило за да го рекреира фустанот на славната пејачка.
Сања изјавила дека потребни ѝ биле 8 часа за да го изработи фустанот. „Фустанот на Џенифер Лопез ми одзеде најмногу време бидејќи морав да ја сечам вреќата на мали делови“ – рекла таа.
Фустанот кој Џеј Ло го носеше е дело на модната куќа Balmain.
Сања сега живее и работи во Њујорк.
Сања пресоздаде и други креации на славните од балот МЕТ низ годините.