Татковците се најголеми заштитници и поддржувачи на ќерките.
Доказ за тоа е Хозе Пералта, кој неодамна создал совршен аутфит за ќерката инспириран од Бијонсе. Гезел Валера немала соодветна облека за роденденскиот концерт на омилената пејачка, која ги замолила фановите на музичкото шоу да носат сребрена облека.
Бидејќи опциите за металик креација по нејзин вкус биле лимитирани, Гезел одлучила да носи креација слична на фустанот од Дејвид Кома кој претходно го имала носено Бијонсе. Таа во последен момент нарачала два фустани со сличен принт во вредност од 30 долари, а татко ѝ ги прекроил создавајќи аутфит совршен за неа.
Валера го објави процесот на социјалните мрежи и брзо стана хит, а татко ѝ многумина го нарекоа „татко на годината“.
@itsfunnycomedy Dad of the year goes to a Man By the name of Joe Peralta a Dominican Republican Father who didn't want his Daughter Geselle Valera To not Miss her opportunity on going to #Beyonce #renaissanceworldtour without a special outfit he sewed a inspo outfit that #beyonce ♬ original sound - Funnycomedy
Растејќи во Доминиканската Република, Хозе научил да шие на 3-годишна возраст. Неговата љубов кон модата и неговите вештини го имаат спасено семејството во многу ситуации.