Ништо не невозможно кога бестрашно ги следиме нашите соништа.
Сакајќи да го докаже тоа, матурантка од Џорџија аплицираше на стотици универзитети низ САД и беше примена на 231 од нив, добивајќи стипендии во вредност од 14,7 милиони долари. Целта на Медисон Кроуел била да им покаже на своите врсници и на останатите деца во нејзиното место на живеење дека ништо не е невозможно.
„Сакав да аплицирам во колку што е можно повеќе училишта, бидејќи доаѓам од сиромашно место во Џорџија и сакав да им покажам на децата тука дека е возможно да бидат примени не само во локалните училишта, туку и во училишта како Универзитетот во Алабама и Универзитетот во Колорадо и училишта кои можеби сметаат дека не им се на дофат, но дефинитивно им се“ – рекла таа.
Од сите универзитети, Медисон го избрала универзитетот во Хај Поинт во Северна Каролина, од каде ѝ порачаа:
„Ти посакуваме добредојде во нашето семејство. Ќе направиш неверојатни нешта тука во Универзитетот, каде ги повикуваме сите да бидат неверојатни. Небото не е граница... и кога ќе дојдеш во нашиот Универзитет, знаеме дека ќе бидеш лидер. Ќе оствариш неверојатни работи“.
Медисон ги советува матурантите да се стават себеси на прво место, да бидат организирани и да останат позитивни.
„Само сакам да порачам дека ништо не е невозможно и дека небото не е граница“ – вели таа.