Прекрасно е кога имате со кого да си ги споделувате убавите моменти, но и маките. Убаво е кога покрај себе имате некој како вас, кој може да ве разбере.
Менди Олдани и Амбер Родригез се мајки на тројки кои се запознаа во болница по породувањето и станаа најдобри пријателки. Нивните бебенца се само еден ден разлика.
Кога Амбер слушнала дека и друга мајка во болницата има тројка, веднаш посакала да ја запознае. Се покажало дека тие живеат во истиот град, на 15 минути една од друга, па започнале често да се дружат.
Менди е мајка на пет деца, која роди близнаци пред да добие тројка.
„Имаме многу дружби за играње. Се обидуваме да поминеме време заедно со нашите семејства, но исто така знаеме дека е важно да имаме време насамо како пријателки, не само како мајки кои се пријателки“ – вели таа.
Тие често снимаат забавни видеа кои ги објавуваат на социјалните мрежи.