Мајка на четворка си направи интересна маица која ја носи кога излегува од дома.
Ракел Толвер си ги отпечати одговорите на најчестите прашања кои ги добива за нејзините четири 10-месечни бебиња секојпат кога е во јавност.
„Луѓето полудуваат кога ќе видат четири седишта во автомобилот и четири бебиња.“
„Тотално е разбирливо што луѓето нè бомбардираат со прашања кога сме излезени. Четворките се екстремно ретки. И зарем некој може да им одолее на нивните насмевки?“ – објаснила Ракел.
На нејзината маица пишува:
ДА, тие се четворка.
Да, бевме шокирани!
Да, можеме да ги разликуваме.
Едноставно ГО ПРАВАМ ТОА – ете како.
Да, рацете ми се полни.
Да, природни се. Всушност што е тоа вештачка четворка?
Не, не ги мешаме.
Да, се согласувам. Подобро јас одошто ти.
Четворката на Ракел и нејзиниот сопруг Дариус е зачната природно. Парот веќе имал поголемо синче и се обидувал да добие второ дете, но поради Синдромот на полицистични јајници на Ракел, докторот им препорачал да користат процедура наречена интраутерина инсеминација.
„Нашите шанси за зачнување беа помали од 10%. На денот кога отидовме на преглед, докторот ни рече да не се разочаруваме“ – рекла мајката.
За среќа, процедурата била успешна и на првиот преглед со ултразвук, парот откри дека очекува не едно, не две, не три, туку четири бебиња.
„Започнав да го губам разумот. Бев во шок. Се прашував како се случи ова“ – рекла Ракел за моментот кога ја дознала среќната вест.
Брајсон, Ројс, Дензел и Амаја се родија на 23 март минатата година во 26-тата гестациска недела. Всушност, водењакот на Ракел пукнал во 22-рата недела, но докторите успеале да го одложат породувањето.
Бебињата поминале месеци во болница, но сега одлично напредуваат покрај родителите и поголемото братче.
„Моментот кога го донесов и последното бебе дома беше многу значаен за мене, бидејќи докторите не мислеа дека е возможен“ – рекла таа.
Ракел постојано споделува моменти од својот живот со следбениците на социјалните мрежи.
@rctolver #quadruplets #adayinmylife #thestruggleisreal #momsoftiktok #babiesoftiktok #fyp #motherhood ♬ original sound - Raquel Tolver