Почетна » Новости » Занимливости » „Да ги пофалиме татковците кои не им се бебиситери на децата, туку родители, кои се тркалаат на подот и кога ги боли грбот“

„Да ги пофалиме татковците кои не им се бебиситери на децата, туку родители, кои се тркалаат на подот и кога ги боли грбот“

Во време кога постојано читаме текстови за важната улога на мајките во животот на детето, креаторките на Momstrosity одлучија да ги пофалат татковците, кои се активно вклучени во животот на нивните деца.

Нивниот текст стана хит на интернет и има стотици илјади лајкови. Прочитајте го:

Tатко

Да ги пофалиме татковците.

Оние кои прават срцето да ни експлодира првиот пат кога ќе ги видиме како ги држат нашите бебиња.

Оние кои го ставаат бебето во детското седиште во автомобилот за да го повозат низ соседството, бидејќи грчевите се сериозни, а ти само сакаш да се истушираш намира.

Оние кои не им се бебиситери на децата, туку родители.

Оние кои нè држат исправени кога се чувствуваме слаби.

Оние кои си доаѓаат дома по долгиот работен ден, подготвени да се фрлат напомош – или Оние кои остануваа дома со децата за ние да можеме да заработуваме.

Оние кои готват појадок во викендите и прават замоци од ќебиња како експерти.

Оние кои се тркалаат на подот од дневната соба, дури и кога ги боли грбот, бидејќи знаат колку многу им се допаѓа тоа на децата и колку ги уморува пред спиење.

Оние кои носат бебешка торба или возат мини комбе, но и покрај тоа, се секси.

Оние кои се доволно силни да ги носат в раце пораснатите деца (иако тие пораснале да можат сами да одат), но доволно ранливи за да се расплачат кога ќе помислат дека еден ден ќе ја одведат ќерка им пред олтарот.

Оние кои нè потсетуваат дека бевме луѓе пред да станеме мајки и дека сме многу повеќе од обични негувателки.

Оние кои нè поддржуваат во нашите цели и нашите страсти.

Оние кои работат многу, играат многу, а сакаат уште повеќе. Кои го прават животот забавен и секогаш нè поддржуваат.

Никогаш не помислувавме дека можеме да бидеме повљубени во вас сè додека не дојде денот кога станавте ТАТКОВЦИ.

Наздравуваме за вас, татковци!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23319 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.