Македонските занаети добија уште една потврда за убавина од делегацијата на Европската унија.
Еден од редовните посетитители на сите базари на Креативна Македонија и голем обожавател на рачните изработки е шефот на делегација на Европската Унија Господинот Самуел Жбогар.
„Пред неколку дена ни дојде во посета на новата локација на Еснаф, каде имавме одличен разговор и го запознавме одблиску со предизвиците со кои се соочуваме во ова време. Како и досега не остана рамнодушен на изработките и вештините на нашите занаетчии“ - велат од Еснаф.
Еснаф се наоѓа на нова локациja во центарот на градот, во близина на Грчката Амбасада.
Веб страна и онлајн продавница:
www.esnaf.eu
Пролетниот каталог:
http://online.fliphtml5.com/kuxal/nheh/#p=1
Facebook:
www.facebook.com/esnafeu/
Instagram:
www.instagram.com/esnaf_eu