Дороти Хофнер е доказ дека годините не се ништо друго освен обична бројка и дека не треба да дозволуваме тие да нè ограничуваат.
Инспиративната „бабичка“ на 104 години скокна со падобран и стана најстарата личност на светот која го има направено тоа. Летечката авантура на Дороти се случи на 1 октомври во Илиноис.
Дороти скокна во тандем со Дерек Бекстер, безбедно се спушти на земјата и беше дочекана со аплауз. Запрашана како се чувствува што е повторно на земјата, таа рекла:
„Прекрасно. Но, беше прекрасно и горе. Целото нешто беше неверојатно, прекрасно. Не можеше да биде подобро“.
Кога ја прашале како се чувствува што е рекордер, Дороти одговорила: „Како да сум стара. Но знаете, годините се само бројка“.
Сега, таа се надева дека овој нејзин подвик ќе биде признат и запишан во Гинисовата книга на рекорди. Засега, во Гинис стои името на Линеа Ингегард Ларсон од Шведска, која го постави рекордот на 103 години.