Почетна » Новости » Занимливости » Герила акција на Божиновски часовници и накит и иницијативата #МетиСиСоКласнето – Свеста е луксуз

Герила акција на Божиновски часовници и накит и иницијативата #МетиСиСоКласнето – Свеста е луксуз

Дали дефиницијата за луксуз се менува? Ова прашање преку својот излог го постави компанијата застапник за луксузни брендови „Божиновски часовници и накит“, преку нивната герила акција, која ја спроведуваат заедно со инцијативата #МетиСиСоКласнето.

Минувачите кои се навикнати на излогот во оваа луксузна продавница да гледаат часовници и накит од познатите швајцарски брендови, денес забележаа моќна порака на излозите „Воздухот не е луксуз“, „Свесноста е луксуз“. Дополнително излозите се украсени со склуптури изработени од отпадоци собрани од страна на иницијативата #МетиСиСоКласнето.

Акција на Божиновски Акција на Божиновски

Од компанијата велат дека со ваквиот чекор сакаат да придонесат за подигнување на свесноста за важноста за секојдневна борба за подобра животна средина.

„Имаме чувство дека некако работите се изместени последните децении. Она што до скоро важеше за основно човеково право, како што е чистиот воздух, денес стана луксуз, барем за граѓаните во поголемите градови во Македонија. Затоа решивме наместо класична новогодишна честитка, преку нашиот излог да испратиме порака до сите засегнати за наредната година посериозно да се посветиме кон решавање на проблемот со колективната свесност. Луѓето не перципираат како компанија која застапува луксузни брендови, па кога е така решивме нашиот излог да го отстапиме за нешто што стана луксуз за сите, а тоа е чистата животна средина. Цената која сите ја плаќаме за ваквиот луксуз не се вреднува со пари туку за жал со здравје“ - изјавија од Божиновски часовници и накит.

Акција на Божиновски Акција на Божиновски Акција на Божиновски Акција на Божиновски

Од иницијативата #МетиСиСоКласнето потенцираат дека се изненадени од бројот на деца кои се приклучиле на конкурсот за изработка на склуптури од смет.

„Кога пред месец дена го објавивме конкурсот лично бев преплашена дека никој нема да се пријави, но се случи чудо. Не само што се пријавија околу 400 ученици со своите ментори, туку не изненади и квалитетот на дела што го добивме“ - изјави Марија-Малена Петковска Микаровска позната како #МетиСиСоКласнето.

Акција на Божиновски Акција на Божиновски Акција на Божиновски Акција на Божиновски Акција на Божиновски Акција на Божиновски

Во излозите на продажните салони на „Божиновски часовници и накит“ во Битола и Скопје се изложени вкупно десет од изработените склуптури, а сите дела ќе бидат изложени на 26ти декември на новогодишниот џез концерт во Битола во Центарот за култура на симболичниот „Плоштад иднина“, каде симболично ќе посакаме свесноста да проработи на сите нивоа во нашето општество и во следната година да влеземе со чисти мисли.

Дополнително изложбата како караван ќе патува низ повеќе училишта низ Македонија со цел да се инспирираат младите за важноста од грижата за животната средина.

Акција на Божиновски Акција на Божиновски Акција на Божиновски Акција на Божиновски Акција на Божиновски Акција на Божиновски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19814 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.