Принцовите Вилијам и Хари зедоа учество во хуманитарен поло натпревар, а нивните најблиски се забавуваа во близина.
Војвотките Меган и Кетрин со децата си играа на тревата, непосредно до теренот резервиран за натпреварот во чест на починатиот Вичаи Шриваданапраба, газдата на клубот Лестер Сити.
Ова е прво појавување на малиот Арчи во јавност, без ограничување за медиумите. Меган го носеше во рацете 2-месечното бебенце додека се шеташе околу неговите братучеди.
Кетрин мамеше погледи во шармантен летен фустан и еспадрили на плута покрај принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи, кои играа наоколу.