Додека светот ја очекува веста за раѓањето на првото дете на принцот Хари и Меган Маркл, војвотката Кетрин помага во преземањето на конкретни чекори за подобрување на животот на семејства во Велика Британија.
37-годишната сопруга на принцот Вилијам присуствуваше на отворањето на центар, кој обединува на едно место стручни лица, истражувачи и семејства на кои им е потребна помош поради проблеми со менталното здравје. Новата установа е во рамките на Центарот за ментално здравје „Ана Фројд“ во Лондон.



„Денес сите ние сме тука затоа што се грижиме за трансформирањето на менталното здравје на децата, младите луѓе и нивните семејства. Преку вашата работа тука во Центарот ‘Ана Фројд’, научив многу за развојот во раното детство и важноста на поддршката на родителите“ – рече таа во својот говор.





Кетрин беше облечена во зелен фустан од Емилија Викстед и обувки од Џанвито Роси.

