Почетна » Новости » Занимливости » Волшебни фотографии инспирирани од најубавите соништа на деца болни од рак

Волшебни фотографии инспирирани од најубавите соништа на деца болни од рак

Додека некои деца безгрижно чекорат низ своето детство и уживаат во детските игри, други ја водат најтешката битка во својот живот – борбата со ракот. Сепак, и едните и другите имаат исти соништа и фантазии.

Фотограф од Јута посветено работи за да им ги оствари соништата на децата болни од рак, водејќи ги во магични светови ослободени од грижи. Џонатан Дијаз во рамките на својот проект „Anything Can Be“ „остварил“ точно 21 сон и нема намера да престане. Тој прво ги проучува фантазиите на секој мал пациент, а потоа го користи своето знаење за да создаде уникатни фотографии.

Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз

Најголемата инспирација за Дијаз доаѓа од оптимизмот и храброста на децата. „Овие деца се неверојатни. Она што најмногу ме допре е нивниот оптимизам. И покрај тоа што се борат со мачна болест која е тешка за нивните млади тела, тие се толку полни со надеж. Сакав да ја споделам таа надеж преку нивните фантазии“ – рекол Дијаз. „Храброста на овие деца ме инспирира секој ден. Тие се пример за сите нас“ – додал тој.

Дијаз се надева дека неговиот проект ќе се прошири и дека ќе им ги оствари фантазиите на илјадници дечиња болни од рак.

Септември е месец за подигнување на свеста за ракот кај децата.

Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз Фотографиите на Џонатан Дијаз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.