Кристин Вилсон слободно може да се нарече себеси среќничка.
Жителката на Масачусетс освои 1 милион долари од игри на среќа, не еднаш, туку двапати во период од 10 недели и покрај тоа што веројатноста за добивка е еден на 283 милиони.


Првата премија, Вилсон ја доби на државна лотарија, освојувајќи џекпот, додека втората добивка е од грепка која чинела 10 долари.
Парите од првата награда, Кристин ги вложила во купување џип, а вториот милион планира да го стави во својата заштеда.