Почетна » Новости » Занимливости » Вистинска реткост: 40-годишна мајка родена на 29 февруари доби бебенце на истиот датум

Вистинска реткост: 40-годишна мајка родена на 29 февруари доби бебенце на истиот датум

Докторка од Северна Каролина ќе слави роденден на истиот ден со новороденото бебенце. Но, најинтересното е што тие се родени на 29 февруари – датум кој постои на секои четири години.

Имено, Каи Сан се породила на својот 40-ти роденден и ја донесе на овој свет ќеркичката Клои. Бебенцето се родило со тежина од 3 килограми, три дена по предвидениот термин за породување.

Каи и Клои

„Со сопругот зборувавме колку кул ќе биде доколку се роди на мојот роденден. И на некој начин, се случи тоа“ – изјавила мајката. Таа признала дека една година претходно, доживеала спонтан абортус.

„Имав спонтан абортус речиси пред една година и тоа ја прави Клои уште поспецијална“ – рекла мајката.

Каи и Клои Каи и Клои

Каи и нејзиниот сопруг имаат уште две други деца на возраст од 5 и 6 години.

Каи и Клои

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.