Почетна » Новости » Занимливости » Вирална порака: „Првата личност на која ѝ се јавувам е Мама... Се надевам дека моите деца ќе го прават истото“

Вирална порака: „Првата личност на која ѝ се јавувам е Мама... Се надевам дека моите деца ќе го прават истото“

Мајката е наша учителка, наша ѕвезда-водилка, личноста што нè држела за рачиња кога сме проодувале, што ни помогнала да сфатиме како функционира светот и што секогаш била покрај нас кога ни била потребна.

Пред Денот на мајката, блогерката Кели Бачара со сладок текст разнежни многу мајки на социјалните мрежи. Нејзината порака стана вирален хит и поттикна лавина од коментари од интернет корисниците. Многумина изразија жалење што нивните мајки не се повеќе на овој свет и им порачаа на сите да ги ценат и сакаат жените кои им дале живот.

Мајка

Првата личност на која ѝ се јавувам е Мама.

Кога не ја разбирам осигурителната полиса.

Кога некој ќе ми рече нешто злобно.

Кога ми е потребен совет како да се грижам за моите деца.

Кога ми треба некој кој ќе ми каже дека сè ќе биде во ред.

Кога имам прашање буквално за што било.

Кога нешто ми тежи на срцето.

Кога имам потреба од насоки како да направам јадење.

Кога имам потреба да ја слушнам суровата вистина.

Кога ми е досадно.

За што било, навистина.

Првата личност на која ѝ се јавувам е Мама.

За да видам што мисли таа, да слушнам што би направила таа или за да добијам утеха од единствената личност која секогаш е таму за мене.

Можеби таа ги нема сите одговори, но понекогаш не ми требаат одговори.

Понекогаш, ми треба само Мама.

Затоа ѝ се јавувам.

Се надевам дека и моите деца ќе го прават истото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 21532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.