Почетна » Новости » Занимливости » Викторија и Дејвид Бекам, Елтон Џон... Славните личности со пораки по смртта на кралицата Елизабета II

Викторија и Дејвид Бекам, Елтон Џон... Славните личности со пораки по смртта на кралицата Елизабета II

Велика Британија е обвиена во тага поради смртта на кралицата Елизабета II. Нејзиното Кралско Височество почина на 96-годишна возраст во замокот Балморал.

Славните личности не пропуштија да ја изразат нивната длабока тага и да му испратат пораки со сочувство на кралското семејство преку социјалните мрежи.

Викторија и Дејвид Бекам

„Денес е многу тажен ден, не само за нашата земја, туку и за целиот свет. Чувствувам длабока тага поради смртта на нашиот сакан монарх, Нејзиното Височество Кралицата. Ќе биде запаметена по нејзината непоколеблива лојалност и служба и моите мисли се со кралското семејство во овој неверојатно тажен период“ – напиша Викторија на Instagram.

„Навистина сум многу тажен поради смртта на Нејзиното Височество, Кралицата. Видовме излевање на огромна љубов за платинестиот јубилеј... Тоа што сме толку тажни покажува колку таа им значеше на луѓето од оваа земја и од целиот свет. Колку многу нé инспирираше со нејзиното лидерство. Колку многу нé тешеше во тешките времиња. До последниот ден ѝ служеше на нејзината земја со достоинство и милост. Оваа година таа би знаела колку е сакана“ – стои во пораката на Дејвид.

Елтон Џон

„Заедно со остатокот од нацијата, чувствувам длабока тага што слушам за смртта на Нејзиното Височество Кралицата Елизабета. Беше инспиративно да се биде покрај неа и таа ја водеше земјата низ некои од најголемите и најтемните моменти со грациозност, пристојност и искрена топлина. Кралицата Елизабета беше огромен дел од мојот живот од детството до овој ден и многу ќе ми недостига“ – напиша Елтон.

Елтон Џон

Донатела Версаче

„Изгубивме една од најголемите жени на светот. Нејзиното Височество Кралицата ни покажа како да ги живееме нашите животи. Живееше со грациозност, цврстина, трудољубивост, лојалност и љубезност. Беше инспирација за сите нас. Испраќам длабоко сочувство до Кралот Чарлс III и целото кралско семејство“ – стои во пораката на славната дизајнерка.

Роузи Хантингтон-Вајтли

„Засекогаш наша Кралица. Почивај во мир“ – напиша поранешниот модел на Victoria’s Secret.

Мик Џегер

„Целиот мој живот, Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II секогаш беше таму. Во детството се сеќавам дека гледав инсерти од нејзината свадба на ТВ. Се сеќавам на неа од убава млада дама до омилена баба на целата нација“ – пишува Џегер.

Крис Џенер

„Почивајте во мир Ваше Височество Кралице Елизабета II. Грациозна, посветена, елегантна, незаборавна. Денес и засекогаш ќе ја паметиме како еден од најголемите лидери кои ги има видено светот некогаш. Му ги испраќам мојата љубов и сочувство на кралското семејство“ - напиша Џенер.

Хелен Мирен

Лили Колинс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.