Почетна » Новости » Актуелно » Кралска романса: Љубовната приказна на кралицата Елизабета II и принцот Филип

Кралска романса: Љубовната приказна на кралицата Елизабета II и принцот Филип

Љубовната сторија на кралицата Елизабета II и принцот Филип се протега низ повеќе од седум децении. Стоејќи заедно на чело на британската монархија, тие покажаа огромна посветеност на должностите. Заедно го пропатуваа светот и создадоа големо семејство – четири деца, осум внуци и десет правнуци.

кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип

Сторијата полна со љубов, почит и восхит започна во 1939 година. Кога се запознаа, 18-годишниот Филип ја започнуваше кариерата во кралската морнарица, а Елизабета имаше само 13 години. Уште по првата средба, тие започнаа да си разменуваат писма, а неколку нивни блиски веднаш забележаа дека се раѓа љубовна искра во очите на младата принцеза.

За време на Втората светска војна, Филип беше дел од морнарицата, а по завршувањето на конфликтот, во 1946 година, тој ја побара раката на Елизабета од нејзиниот татко кралот Џорџ VI. Кралот даде согласност, но имаше молба свршувачката да биде официјална откако Елизабета ќе наполни 21 година. Така, нивната свршувачка беше објавена на 10 јули 1947.

кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип

Во ноември 1947 година, парот ја круниса својата љубов со брак во Вестминистерската опатија. Пред церемонијата, Филип се откажа од титулата принц на Грција и Данска, го примил презимето Маунтабет и стана Британец.

кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип

По свадбата, парот извесно време живееше во Малта, каде Филип служеше во морнарицата.

кралицата Елизабета II и принцот Филип

Нивните деца, принцот Чарлс и принцезата Ана, се родија пред Елизабета да го наследи нејзиниот татко на тронот.

кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип

По ненадејната смрт на нејзиниот татко во 1952 година, Елизабета стана кралица на 25-годишна возраст. Пред крунисувањето, Филип беше принуден да се откаже од кариерата во воените сили каде достигна ранг на командант.

кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип

Во 1953 година, Елизабета и Филип беа на 7-месечна турнеја низ светот и посетија 13 земји.

кралицата Елизабета II и принцот Филип

Во 1960 година, парот го доби третото дете – принцот Ендру. Четири години подоцна, се роди и принцот Едвард.

кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип

Филип ѝ беше лојален придружник на Елизабета на бројни настани, но беше и патрон на околу 800 организации.

Кралицата во една прилика рече: „Војводата од Единбург има непроценлив придонес во мојот живот во изминатите педесет години“.

кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип

Нивниот брак не остана целосно подалеку од скандали и честопати беше намекнувано дека принцот Филип имал афери, но сето тоа остана на територијата на шпекулациите.

кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип

Филип се пензионира во мај 2017 година. На почетокот на годината, неговото здравје започна посериозно да се влошува и беше хоспитализиран и опериран. Денес беше објавена веста за неговата смрт.

кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип кралицата Елизабета II и принцот Филип

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21025 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.