Фит трудница сподели видеа од своите тренинзи во 38. недела од бременоста за да инспирира и други идни мајки да продолжат со физичката активност додека ги носат своите бебиња во утробата.
Беки Џерард отсекогаш била во одлична физичка форма, па немало никаква причина за да ги прекине своите тренинзи во текот на бременоста. Напротив, 29-годишната трудница тврди дека тие ѝ ја зголемувале енергијата, а ѝ ја намалувале болката.
„Знаев дека морам останам фит и здрава во текот на мојата бременост. Моето ниво на енергија беше високо, додека болките беа минимални“ – објаснува Беки, која започнала да ги објавува своите вежби за да инспирира и други трудници да останат активни во бременоста.


„Започнав да ги споделувам моите видеа онлајн кога бев во 18. недела од бременоста и реакциите беа многу позитивни. Многу други трудници ме контактираа за совети. Голем дел од нив беа инспирирани и благодарни што ги објавував моите видеа“ – вели Џерард која исто така не крие дека имало и такви што биле шокирани од она што го гледале.
„Секоја бременост е различна и не треба секоја жена да тренира како мене. Моето тело е навикнато на тренинзите и она што јас го правам не е шок за мојот организам. Ја намалив тежината која ја кревам, ги ограничив моите движења и го слушам моето тело. Ако тоа ми вели да одмарам, земам ден за одмор“ – објаснува Беки.
Видеа


Видеа
Дванаесет часа по објавувањето на последното видео, водењакот на Џерард ѝ пукнал и таа родила здраво женско девојче. Среќната мајка објави фотографија од новороденчето кое се родило 10 дена пред очекуваниот термин.








