Видео од мажи поставени на симулатор за менструални болки стана хит онлајн.
Инфлуенсерката Нина Скочак, која се кандидираше за Европскиот парламент, им постави на момците од хрватскиот подкаст „3soma“ апарат кој им ги симулираше болките кои жените ги искусуваат секој месец.
Нина постепено им го зголемува интензитетот на болките на мажите за да ги види нивните реакции.
@ninaskocak Ovu nedjelju zaokruži 21 jer nam je ova tema važna @3SOMA hvala na hrabrosti #CapCut #menstrualpain #experiment #ninaskocak #feminism #periodcramp #žene #balkantiktok #longervideos ♬ original sound - ninaskocak
„Секоја жена го преживува ова различно, но постојат жени кои навистина имаат екстремни болки и кои ова го преживуваат седум дена“ – им вели Скочак на учесниците во видеото, а потоа ги прашува дали би можеле да одат на работа со такви болки.
„Не, нема шанси“ – вели еден од нив.
„Вие со ова морате да работите секој ден, мене тоа ми е нереално“ – вели друг учесник.
Преку овој експеримент таа цели да ја подигне свеста кај луѓето за жените кои имаат тешки менструални циклуси и да ги натера хрватските власти да воведат платено боледување за тие жени.
„Шпанија е единствената европска држава која има платено менструално боледување за сите жени со тешки болки. Сакаме Хрватска да биде следна“ – вели таа.