Понекогаш љубовта поттикнува големи подвизи…
Парализиран маж пронајде начин како да клекне на едно колено, за да ѝ предложи брак на саканата.
Имено, Џош на 23-годишна возраст доживеал несреќа по која останал неподвижен. Сега, со помош на физиотерапевти и егзоскелет, тој успеа да ѝ го приреди најубавото изненадување на девојката Грејс.
Погледнете го видеото:
„Ја имав оваа огромна идеја и не знаев дали може да се реализира, бидејќи досега немам видено некој да го направи тоа. Така, ги контактирав моите терапевти и им реков дека сакам да се спуштам на едно колено за да ѝ предложам брак, се надевав дека ќе можеме да го искористиме егзоскелетот за да ни помогне“ – вели Џош.

За предлогот за брак, Џош искористил прстен со дијамант од неговата баба, а среќната Грејс не ги задржа солзите по емотивното изненадување.



Во август 2014 година, Џош заедно со пријатели бил на плажа во Вирџинија, кога огромен бран го удрил со голема сила и го одвлекол до брегот. Тој веднаш останал парализиран од градите надолу.
„Пловев таму со лицето свртено надолу и не можев да мрдам, но очите ми беа отворени. Ми требаше малку време за да сфатам дека не можам воопшто да се движам и помислив дека ќе се удавам. Беше страшно. За среќа, моите пријатели ме извлекоа на плажата и чекаа брзата помош да пристигне“ – вака Џош го опишува страшниот момент на несреќата.
