Провокативната сцена од филмот „Basic Instinct“, во која Шерон Стоун ги подраширува нозете облечена во краток бел фустан, е најпаузираната филмска сцена. Според анкета на сајтот Lovefilm, оваа сцена била паузирана од повеќе од третина од нивните посетители.
Шерон Стоун откри дека не носела гаќички на снимањето на сцената, па јасно е зошто тој момент од филмот предизвикал толку големо љубопитство кај гледачите.
(Видеото е синхронизирано на украински).
На второ место се најде Џенифер Лопез која што само за момент го разголи својот задник во бела танга за филмот „The Back-Up Plan“.
(Сцената е на 3:10)
Трета најпаузирана сцена е моментот кога еден од актерите во филмот „Star Wars“ од 1977г. си ја удира главата во врата. Очигледно се работи за грешка, но режисерот не го забележал „инцидентот“ за да го отстрани.
На четврто место е Џејми Ли Кертис со моментот кога се соблекува топлес во филмот „Trading Places“
(Сцената е на 1:52)
Сцената во која на цртаниот лик Џесика Ребит ѝ се крева фустанот во филмот „Who Framed Roger Rabbit“ се најде на петтото место. Верувајќи дека нема никој да забележи, аниматорите ја отстраниле долната облека на ликот Џесика Ребит во неколку сцени. Сцените се видливи само кога се прегледуваат кадар по кадар. Но, кога ова било објавено во 1994г., филмот предизвикал многу голем интерес и се разбира добил и многу критики.
На седмо место се најде сцена од цртаниот филм „The Lion King“. Кога Симба оди до крајот на карпа и легнува изморен, се крева прашина која ги оформува буквите S E X. За овој „скандал“ од Дизни дале оправдување дека не пишувало S E X туку S F X, што е кратенка за специјални ефекти.