Сидни Крисмас ги одушеви сите присутни и победи на финалната вечер од Britain’s Got Talent.
Талентираната 28-годишна пејачка освои награда од 250 илјади фунти благодарение на својот моќен глас. Нејзината изведба на песната „Over the Rainbow“ доби бројни комплименти не само од четиричленото жири, туку и од илјадници гледачи пред малите екрани кои гласаа за неа.
„Не знам што да речам! Не ми се верува колку голема љубов чувствувам... Посакувам еден ден сите да се чувствуваат на овој начин. Неверојатно е, многу ви благодарам“ – рече таа.
Сидни работи како рецепционерка во локален фитнес центар. На аудициите во април, Сидни ја импресионираше Аманда Холден со изведбата на „Tomorrow“ и го доби златното копче од неа, со што се пласираше директно во настапите во живо.