Уште еден музички талент крева врева на интернет. Девојка од Филипините стана хит со својата изведба на „I Will Always Love You“ од Витни Хјустон. 21-годишната талентирана девојка ја испеа баладата во шопинг центар пред машина за караоке и веднаш ги освои присутните.
Видеото од нејзината спонтана изведба наскоро ќе ја достигне бројката од милион прегледувања само на YouTube.
По само три дена од објавувањето на видеото, девојката веќе има покана од Елен Деџенерис за учество во нејзиното шоу.