Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Мајка полна со емоции кога ќерка ѝ ќе ги направи првите чекори по 4 операции на мозокот

ВИДЕО: Мајка полна со емоции кога ќерка ѝ ќе ги направи првите чекори по 4 операции на мозокот

Мајка не можеше да си ги задржи солзите од силните емоции кога ја виде ќерка си како чекори по 4 операции на мозокот.

Иако докторите рекле дека Абигејл никогаш нема да прооди, со напорна работа и физикална терапија, таа успеала да ги направи првите вистински чекори.

„Денес беше почеток на третата недела од интензивната физикална терапија и Аби направи вистински чекори. Можете ли да замислите? Многу се гордеам со ова девојче“ – напиша мајка ѝ Џилијан.

@goodnewscorrespondent "SHE WOULD NEVER BE ABLE TO WALK".: Abby, who has down syndrome, takes her first steps after 4 brain surgeries. Tbis brave warrior is determined and takes real walking steps during her intensive physical therapy!(:@abbyshopeshop ) ♬ what was I made for? - Instrumental - Wheeler
Абигејл Абигејл Абигејл Абигејл

Аби има Даунов синдром и во првите 10 месеци од животот поминала низ 4 операции на мозокот поради хидроцефалија (собирање течност). Докторите уште во бременоста ѝ рекле на мајката дека Аби нема да го преживее породувањето, а ако го преживее, ќе биде како растение, дека никогаш нема да оди и да зборува. За среќа, Абигејл постојано ги руши прогнозите на докторите и напредува.

„Медицинските професионалци предвидуваа дека Абигејл никогаш нема да оди, но исто така некогаш веруваа дека таа нема да го дочека првиот роденден. И покрај тоа, таа е тука, надминувајќи ги очекувањата“ – пишува Џилијан.

Абигејл Абигејл Абигејл

Џилијан постојано споделува фотографии и видеа од слатката ќерка за да шири надеж, за да руши предрасуди и да ја подигнува свеста за Дауновиот синдром. Таа вели дека оваа состојба била благослов за нивното семејство, бидејќи Аби им донела огромна радост.

„Единственото нешто од кое се плашев кога дознав дека Аби има Даунов синдром беше како тоа ќе влијае на нејзината сестра. Дали ќе си играат заедно? Дали ќе се смеат заедно? Дали ќе се согласуваат? Тоа беше глупав страв. Тие се неразделни, вљубени една во друга. Жалам за сите моменти кои ги поминав плашејќи се што ќе значи Дауновиот синдром за нашето семејство. Тој е благословот кој никогаш не знаев дека ми е потребен“ – пишува таа.

Абигејл Абигејл Абигејл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.