Најголем дел од жените трошат многу пари на козметички третмани, маникир, педикир, скапи креми и шминки, па некои мажи прават сè за да пронајдат начин како да заштедат барем малку на сето тоа.
Посветен маж научи како да ѝ ги средува ноктите на саканата, за таа повеќе да не плаќа скапи маникири во козметички салони.
Дакота го практикува ова две години и веќе стана вистински професионалец. Видеата од постапката тој ги споделува на TikTok и досега има речиси 150.000 следбеници.
@gelxdaddy Officially breaking up with my nail salon @opi @BeetlesGelPolishOfficial #gelx #gelxnails #boyfrienddoesmynails #gelxtutorial ♬ Oblivion - Grimes
Откако стана хит на социјалните мрежи и доби многу коментари, Дакота одлучи да сподели важен дел од неговата животна приказна.
На 19-годишна возраст тој доживеал тешка сообраќајна несреќа, во која си го скршил вратот и имал сериозни повреди. Тој минал низ итна и комплицирана операција, по која едвај се движел. Дакота делумно ја изгубил и подвижноста на неговата рака, па морал да прави специјални вежби за тоа.
Од помагала и бастуни, до комплетно заздравување... Дакота денес е среќен што може да се движи самостојно и да ја усреќува својата девојка.
@gelxdaddy Dakota’s journey #brokennecksurvivor #boyfriend #love ♬ take a moment to breathe. - normal the kid
@gelxdaddy This was suprisingly super easy!! #nailtutorial #gelxtutorial #trendynails ♬ show me how - <3
@gelxdaddy ibes for this set! We loved the Cherry Blossom Collection by @DVOK from @Sweetie Nail Supply Use our code “gelxdaddy” foroff! #gelnailsathome #gelxnails #cherryblossomnails #summernails ♬ original sound - summer songs<333