Вил и Монифа Симс шират насмевки на интернет со својата весела караоке изведба на бензинска пумпа. Додека Вил стоел покрај бензинската пумпа, тивко си потпевнувал, без да знае дека водителот на екранот над неговата глава е дел од шегите „Pumpcast News“ на Џеј Лено.
Водителот побарал од Вил да испее песна, а во замена за приреденото шоу да добие бесплатно гориво. Симс без многу двоумење ја испеал „Livin' on a Prayer“ од Бон Џови.
Подоцна му се придружила и сопругата Монифа која ја испеала „Sweet Dreams“. Видеото е огромен хит и само за неколку дена има над 7 милиони прегледувања на YouTube поради позитивната енергија на Вил и Монифа.
Насмеаниот и разигран пар кој е во брак 12 години бил поканет да гостува во шоуто на Џеј Лено.