Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Заљубен романтичар ѝ предложил брак на саканата 365 пати без таа да знае

ВИДЕО: Заљубен романтичар ѝ предложил брак на саканата 365 пати без таа да знае

„Едногодишниот“ предлог за брак на Дин Смит освои илјадници срца. Заљубениот романтичар пред нешто повеќе од една година сфатил дека Џенифер е совршената животна сопатничка за него, па оттогаш започнал да го снима идеалниот предлог за брак.

Инспириран од фактот што Џенифер обожава одбројувања, тој се снимал себеси со бела табла на која секој ден го пишувал судбоносното прашање.

„Само сакав да ти покажам колку многу те сакам, колку си неверојатно паметна, забавна, грижлива и зашеметувачки убава. За мене, ти си совршена“ – вели Смит во видеото.

Џенифер го добива видеото како роденденско изненадување. За време на роденденското патување на Аруба, нејзиното семејство ја упатува кон прекрасна плажа, каде таа за првпат го гледа видеото. На крајот, Смит се појавува на плажата и за првпат лично ѝ го поставува големото прашање. Џенифер низ солзи вели „ДА“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20817 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.