Бремена Американка била на пат кон болницата кога нејзиното бебе решило дека треба да дојде на свет. Додека нејзиниот сопруг го управувал автомобилот и ја снимал, таа родила здраво девојче.
Малата Вилоу им приредила вистинско доживување на своите родители, особено на нејзиниот татко кој може да се слушне како возбудено паничи. Во истото време мајката сталожено го зема своето бебе во рацете и веднаш по мобилен телефон известува некого дека се породила во автомобил.
Ова е најверојатно најлесното породување кое некогаш сте го виделе или за кое сте слушнале. Вилоу е второто дете на изненадените родители.
Предупредување! Некои може да го сметаат видеото за вознемирувачко.